Известување за планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија на ден 18.08.2022

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија, на ден 18.08.2022година (четврток) во периодот од 08.00 до 12.00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од  западната страна на  Богданци и тоа: Риве Транспорт, Гоки  Травел, Баџо на влез во Богданци, Сточарство, Оранжерии Трнка, Бензинска Шимов, Ампа, Фуел Танкс и Химес.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на општина Богданци дека Агенцијата за катастар на недвижности ќе врши теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во функција на воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви во сите населени места во периодот од 15.08.2022 до 26.08.2022 година.

Врз основ на Законот за катастар на недвижности, Агенцијата за катастар на недвижности ја проширува надлежноста  и со воспоставување и управување со Графичкиот регистар на улици и куќни броеви, како дел од Адресниот регистар на Република Северна Македонија. Графичкиот регистар на улици и куќни броеви ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, како и просторни податоци за линијата на опфат врз основа на која се определува припадноста на куќниот број спрема улицата.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Општина Богданци ги известува граѓаните дека Урбанистичкиот план за подрачја и
градби од државно значење за интерконективен гасовод Република Северна Македонија –
Грција е достапен за увид на широката јавност и стручната јавност и јавно презентиран од
17.08.2022 година до 18.09.2022 година на веб страната на Министерство за транспорт и врски
како и во електронскиот систем Е-урбанизам, веб страните на Општините Неготино, Демир
Капија, Богданци и Гевгелија. Исто така во хартиена форма примерок од урбанистичкиот план е
изложен на увид на стручната јавност и на увид и проверка на широката јавност во просториите
на Министерство за транспорт и врски и во Општините Неготино, Демир Капија, Богданци и
Гевгелија, соодветно на административните граници на општините.
Урбанистичкиот план за подрачја и градби од државно значење за интерконективен
гасовод Република Северна Македонија – Грција, соодветно на административните граници
на Општина Богданци е достапен за увид во хартиена форма во просториите на Одделение за
урбанизам и градежништво во Општина Богданци, од 17.08.2022 година до 18.09.2022 година,
секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

СООПШТЕНИE ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОПШТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СТРУЧНА РАСПРАВА СО ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

СООПШТЕНИE ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ОПШТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Информација за Проект Интерконективен Гасовод Северна Македонија – Грција

Оваа гасоводна делница претставува дел од Националниот гасификационен систем во Република Северна Македонија. Проектот Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција претставува проект со кој ќе се обезбеди сигурност во напојувањето со гас, како на Република Северна Македонија така и на регионот. Со оваа делница се обезбедува спој на постојната магистрална мрежа во РСМ со гасоводната мрежа во Грција.

Појдовна точка на трасата во Северна Македонија е границата со Грција во близина на селото Идомени и градот Гевгелија каде завршува грчкиот дел од гасоводот. Завршна точка е веќе изградената блок станица (блок станица БС 7) на новиот гасовод Штип – Неготино, во близина на градот Неготино. Должината на трасата на гасоводот и 68 км и со пречник Ф700.

Инвеститор на Проектот е НЕР АД Скопје – Национални Енергетски Ресурси, акционерско друштво за вршење на енергетски дејности, Скопје, во државна сопственост.

Важност  на проектот:

  • Поддршка на гасификацијата на земјата со обезбедување на интерконекциска точка што може да снабдува големи количини на гас за да се задоволи очекуваниот раст на побарувачката,
  • Обезбедува сигурност во снабдувањето со нудење диверзификација на извори на снабдување,
  • Обезбедува интеграција на пазарот со цел да им се овозможи на потрошувачите во Северна Македонија да имаат цени на гасот слични на оние на соседните земји,
  • Одржлив извор на енергија за земјата која има слаб индекс на интензитет на емисија.

Согласно законската регулатива на РСМ е изработена соодветна техничка документација и постапка за Оцена на Влијание врз Животна Средина (ОВЖС) со цел да се утврди усогласеност со стандардите за животна средина и социјални аспекти, односно осигура дека проектот ги вклучува сите потребни мерки за заштита на животната средина и социјалните аспекти како основен услов за добивање согласност за негова реализација. Покрај применетите национални законски барања исто така се применети Политиките за животна средина и социјални аспекти на Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) и Европска Инвестициска Банка.

Изработен е Елаборат за трајна и времена експропријација со кое е утврдена потребата за пристап кон земјиште во општините Гевгелија, Богданци, Демир Капија и Неготино, односно соодветните катастраски оштини  КО Неготино, КО Тимјаник, КО Дуброво, КО Тремник, КО Прждево, КО Чифлик, КО Дрен, КО Демир Капија, КО Петрово, КО Миравци вон град, КО Габрово, КО Смоквица, КО Прдејци, КО Негорци, КО Стојаково, КО Ѓавато, КО Богданци вон град и КО Богородица.

Изработен е исто така План за вклучување на засегнати чинители и заедницата и консултации со јавноста за време на оцената на животна средина и социјални аспкети и развој на техничката документација согласно националната законска регулатива и барањата на ЕБОР.

Генерална поставеност на проектот е представена на следнaта сликa:

Во рамки на процесот на вклучување на засегнати страни жителите имаат можност за доставување на прашања или загрижености преку соодветна комуникација и формулар кој ќе биде објавен на веб-страницата на одговорната институција за проектот Национални Енергетски Ресурси (НЕР АД Скопје) или во општините во Проектната област.

Прашањата ќе можат да се поднесат во писмена форма и пополнување на формулар ќе биде достапен во општинската администрација на општините низ кои поминува гасоводот. Освен со писмен формулар, прашањата ќе можат да се поднесат и со контактирање со Одговорните инженери за проектот телефонски или лично.

 Контактите со Национални Енергетски Ресурси (НЕР АД Скопје) се следните:

1. Иво Шурбановски   ivo.shurbanovski@mer.com.mk   моб.: +389 75 269 754

2. Александар Апостолоски   aleksandar.apostoloski@mer.com.mk   моб.: +389 75 269 763

Известување за одобрена Проектна програма

Општина Богданци Ве известува дека одобрена е Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 3239/1 ; дел од КП 3240;дел од КП 3241; дел од КП 3242 ; дел од КП 3242/1 ; дел од КП 3242/2 ; дел од KП 3242/3; КП 3242/4; и дел од КП 3249 КО Богданци вон град , Општина Богданци со намена: Е1.13-површински соларни и фотоволтаични панели (Градби за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија- фотоволтаичниелектрани со инсталирана моќност до 1MW ) техбр 03-170/2021 од ноември 2021 изработена од ДПТУИ ИДЕА-консалтинг ДООЕЛ – Струмица, со Решение бр 11-814/2 од 19.04.2022год. од општина Богданци, чиј инвеститор е Пешков Санде ул Маршал Тито бр 82 Богданци.

Планска програма – Интерконективен гасовод ЕП

На официјалната веб страница на Министерството за транспорт и врски е објавена одобрена Планска Програма за изработка на урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за интерконективен гасовод Република Северна Македонија-Грција која може да се отвори на следниот линк: http://www.mtc.gov.mk/media/files/2022/%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0%20-%20%D0%98%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B3%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%20%D0%95%D0%9F.pdf

Соопштение за организирање на стручна расправа по нацрт Генерален урбанистички план на град Богданци

БР.11-506/3

Од 30.03.2022год.

         Врз основа на член 34 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр. бр. 199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 90/17, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на општина Богданци донесе:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за организирање наСтручна расправа по

Нацрт- Генерален урбанистички план на град Богданци

Граници на опфатот се :Почетната точка на опфатот на урбаното подрачје на гр. Богданци се наоѓа на пресекот на коритото на река Луда Мара во КП 8146/3, опфатот продолжува на североисток го сече Регионалниот патен правец Р 1109 (Гевгелија- врска со А1-Богданци-Фурка-врска со Р1105), продолжува по ЈУГОЗАПАДНАТА ГРАНИЦА на КП 5873/2, на КП 5874/1, КП 5874/3, КП 5875, границата врти кон запад и ги сече на северозапад КП 5871, КП5870, КП5869, КП5864, КП5863, КП5861, КП5860, КП5857, границата врти кон северо-исток и ја сече КП 8207, границата врти кон југо-исток ја сече КП 6284, КП 6302, границата врти кон север ја сече исток КП 6279/1, границата врти кон запад ја сече северната граница на КП 6279/1, границата врти кон север ја сече КП 6279/1 и КП 6277, границата врти кон исток ја сече јужната граница на КП 6269, КП 6237, КП 6270, КП 8170, КП 6271, границата врти кон север ја сече на запад КП 6271, продолжува на север ја сече КП 8170, ја сече на источната страна КП 6148/3 се до пресечната точка со КП 6154, продолжува на север по западната страна на КП 6148/3 се до пресечната точка со КП 6153/2 И КП 6152, границата врти кон исток по северната граница на КП 6148/3 се до пресечната точка со КП 6149/3, границата врти на север по западната страна на КП 6149/3, КП 6137/2, КП 6136/2, КП 6135/2, продолжува по северозападната страна на КП 6133/3, границата врти кон северо запад по југозападната граница на КП 11885/2, КП 11875/2, продолжува по југозападната страна на КП 6133/4, КП 6110/1, врти на запад по јужната страна на КП 6098/3, опфатот врти кон север по југозападната страна на КП 6098/3, КП 6099/3, опфатот врти на исток по северозападната страна на КП 6099/3, КП 6099/2, КП 6099/1, опфатот врти на север по југозападната страна на КП 6101, опфатот врти на исток по северозападната страна на КП 6101,КП 6109/1, опфатот врти на север по западната страна на КП 6103, КП 6104, КП 6105, ја сече КП 6081/1, границата врти на исток по северната граница на КП 6081/1, границата врти на север по западната граница на КП 3531/3, опфатит врти на исток по северната граница на КП 3531/3, опфатот врти на север по западната граница на КП 3553, КП 3554, КП 3549, КП 3548, КП 3546, границата врти на запад по јужната граница на КП 3543, опфатот врти на север по западната граница на КП 3543, врти по северозападната граница на КП 3543, опфатот врти на север по западната граница на КП 10975, КП 3563/2, КП 3563/1, по југозападната граница на КП 3571, КП 3569, по западната граница на КП 10962, КП 10959, границата врти на запад по јужната граница на КП 10954, КП 10967, опфатот врти на север по западната граница на КП 10967, КП 10909/2, КП 3599, КП 10904, врти на исток по северната граница НА КП 10904, врти на север по западната граница на КП 8634/1, по југозападната граница на КП 8634/1, по западната страна на КП 8634/1, врти по северозападната страна на КП 8643/1, опфатот врти на североисток по југозападната страна на КП 8632, КП 8629, врти по северозападната страна на КП 8629, КП 8628/2, КП 8627, КП 8626, КП 8625/1 се до пресечната точка со КП 8576, опфатот врти по југозападната страна на КП 8576, врти по северозападната страна на КП 8576, врти по северната страна на КП 8576, опфатот врти на север по северозападната страна на КП 8570, КП 8575, КП 8574/1, врти по североисточната страна на КП 8574/1 се до пресечната точка со КП 8574/2, опфатот врти по северозападната страна на КП 3689, КП 8567, врти по западната страна на КП 8567, опфатот врти на исток по северната страна на КП 8567, врти по североисточната страна на КП 8567,по северната страна на КП 8569, КП 8719/1, врти по северозападната страна на КП 8566, врти по североисточната страна на КП 8566 се до пресечната точка со КП 8719/1, врти по северната страна на КП 8719/1, КП 8732, КП 8718, КП8730, КП 8729, КП 8716, врти на север по северозападната граница на КП 8708, КП 8551, врти по североисточната страна на КП 8551, КП 8552, врти по северозападната страна на КП 8543/2, КП 8543/1 се до пресечната точка со КП 8543/3, врти на север по западната граница на КП 8688, опфатот врти на исток по северната граница и североисточната граница на КП 8688, ја сече КП 3758, ја сече КП 3767, ја сече КП 3764, ја сече КП 2783/2, ја сече КП 8186/4, ја сече КП 2789/6 се до пресечната точка со КП 3797, продолжува по северната граница на КП 3797, по северозападната граница на КП 3798, опфатот врти на север по западната граница на КП 8522/1, врти по северната граница на КП 8522/1, врти по североисточната граница на КП 8522/1, се движи по северната граница на КП 9085/1, се движи по северната граница на КП 8517, врти по југозападната граница на КП 9057, врти по северозападната граница на КП 9057, врти по североисточната граница на КП 9057, опфатот продолжува по источната граница на КП 9057 се до прекршната точка со КП 8542, врти по северната граница на КП 8542, врти по источната граница на КП 8542, КП 9058, опфатот врти на исток по северната граница на КП 9061, ОПФАТОТ ВРТИ НА СЕВЕР ПО ЗАПАДНАТА ГРАНИЦА НА КП 9060, опфатот врти кон исток по северната граница на КП 9060, , опфатот врти на југ по североисточната граница на КП 9060, КП 9065/1, 9065/2, опфатот врти на исток по северната граница на КП 9056/1, опфатот врти на југ по источната граница на КП 9056/1, продолжува по југоисточната граница на КП 9056/1, КП 9056/2, повторно по југоисточната граница на КП 9056/1, потоа врти на југ по источната граница на КП 9197, 9204, КП 9217/2, опфатот врти по северозападната граница на КП 9211/1, продолжува по североисточната граница на КП 9211/1, КП 9211, КП 9510, КП 9512, КП 9214/3, врти по северната граница на КП 9509, врти по северозападната граница на КП 9506, КП 9497, КП 9496, КП 3848, КП 3849, КП 3850, КП 9479/2, опфатот врти кон север по југозападната страна на КП 9475, врти по северозападната страна на КП 9475, КП 9473/1, КП 9474, врти по западната страна на кп 9473/1, продолжува по северозападната страна на КП 9473/1, врти кон север по западната страна и северо западната страна на КП 8515/1, врти по североисточната страна на КП 8515/1 се до пресечната точка со КП 2724/2, продолжува по источната страна на КП 2724/2 се до пресечната точка со КП 2723, продолжува по североисточната страна на КП 2723, КП 2724/2, опфатот врти кон север по северозападната граница на КП 8502, продолжува по северната граница на КП 8502, КП 8501, КП 8504, опфатот врти на југ по источната граница на КП 8504, продолжува по северната граница на КП 8503, границата продолжува на југ по источната граница на КП 8503, КП 8504, југоисточната граница на КП 8504, продолжува по источната граница на КП 8504, КП 8508, КП 8507, границата врти на исток по јужната граница на КП 8507, границата врти на југ и се движи по источната граница на КП 8509, КП 11787, границата врти на запад продолжува да ја сече по осовина по цела ДОЛЖИНА КП 11787(која зафаќа дел од коритото на река Луда Мара), продолжува да ја сече по должина на КП 8146/3 (која зафаќа дел од коритото на река Луда Мара), се до почетната точка на опфатот на урбаното подрачје на гр. Богданци.

Опфатот е со површина од 3838703.543 м2.

Јавната анкета по Нацрт- Генерален урбанистички план на град Богданци, Општина Богданци,ќе се спроведе со излагање наНацрт- Генералниот урбанистички план во просториите на Одделението за урбанизам и градежништво, на огласната табла во Општина Богданци на ул.„Маршал Тито“ бр. 62,  во централното градско подрачје и на web страницата на Општината.

Јавната анкета ќе трае 20 дена сметано од 08.04.2022г,секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, и субјектите: органите на државната управа и другите субјекти кои ги вршат работите од областа на образованието, земјоделството, водостопанството, заштитата и спасувањето, противпожарната заштита, здравствената заштита, транспортот и врските, органот на државната управа и другите институции кои ги вршат работите од областа на културата и државните патишта можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во архивот на општина Богданци и во системот e-urbanizam.mk

Стручната расправа за  субјектите: органите на државната управа и другите субјекти кои ги вршат работите од областа на образованието, земјоделството, водостопанството, заштитата и спасувањето, противпожарната заштита, здравствената заштита, транспортот и врските, органот на државната управа и другите институции кои ги вршат работите од областа на културата и државните патишта ќе се организира во просториите на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци на ден 08.04.2022 година (петок) со почеток во 12:00 часот.

Стручната расправа за  заинтересираните лица од подрачјето опфатено со планот ќе се организира во просториите на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци на ден 08.04.2022 година (петок) со почеток во 14:00 часот.