Закажана 28-та седница на Советот на општина Богданци
Ве известуваме дека дваесетиосмата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 23.03.2023 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во салата на Советот на општина Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Одлука за давање на времено користење на недвижна ствар (просторија) во сопственост на Општина Богданци;
- Предлог-Одлука за давање на времено користење на недвижна ствар во сопственост на Општина Богданци;
- Годишна сметка за 2022 година на СОУ „Богданци“ – Богданци;
- Годишна сметка за 2022 година на ООУ „Петар Мусев“ – Богданци;
- Годишна сметка за 2022 година на ООУ „Кирил и Методиј“ – Стојаково;
- Годишна сметка за 2022 година на ЈОУДГ „Коста Поп – Ристов Делчев“ – Богданци;
- Годишна сметка за 2022 година на ЈОУ Дом на културата „Бранд Петрушев“-Богданци;
- Годишна сметка за 2022 година на ЈП „Комунална чистота“ – Богданци;
- Советнички прашања.