Закажана педесетидеветтата седница на Совет на општина Богданци
Ве известуваме дека педесетидеветтата седница на Советот на Општина Богданци е закажана за ден 14.11.2024 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во Салата на Совет на општина Богданци.
На седницата ќе се работи по следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) во 2024 година;
- Предлог-Програма за изменување на програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2024 година;
- Предлог-Програма за измена на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици за 2024 година;
- Предлог-Програма за изменување на Програмата за урбана опрема во Општина Богданци за 2024 година;
- Предлог-Програма за измена на Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2024 година;
- Предлог-Програма за измена на Програмата за финансирање на културни активности во Општина Богданци за 2024 година;
- Предлог-Програма за измена на Програмата за мерките и активностите на општина Богданци во областа на социјалната заштита во 2024 година;
- Предлог-Измени и дополнувања (ребаланс) на Буџетот на Општина Богданци за 2024 година;
- Предлог-Одлука за одобрување План на програми за развој на Општина Богданци за 2025 година;
- Советнички прашања.